Фондација на Турската верска заедница приреди ифтар во Радовиш

Сподели

thumbs_b_c_edab3fc778697b691a3bbe900e735ba9

РАДОВИШ (АА) – Фондација на Турската верска заедница, во организација на Здружение на Турците од Источна Македонија, во Радовиш оргаизираше ифтар, јавува Anadolu Agency (AA).

На вечерашниот ифтар учествуваа Сашко Николов, градоначалник на Радовиш, Кенан Хасипи, претседател на Турска демократска партија (ТДП) и пратеник во Собранието на Република Македонија, Зија Кенар, втор секретар во Амбасадата на Република Турција во Скопје и голем број граѓани.

Претставникот на Фондацијата на Турската верска заедница, Емрах Акташ, во разговор за АА изјави дека фондацијата организира ифтари во различни делови од Македонија.

Акташ истакна дека во Македонија соработуваат со три здруженија.

„Во Источна Македонија ќе бидат подарени 1.000 пакети, додека во Западна Македонија беа подарени 250 пакети“, рече Акташ.

Покрај Рамазанските пакети, на источниот и западниот дел од државата беа организирани ифтари на кои учествуваа вкупно 2.500 луѓе, истакна Акташ.

„Денеска во Радовиш на ифтарот кој го организираме учествуваат 750 луѓе. Ова е наш последен ифтар. По овој ифтар, завршува нашиот програм во Македонија“.

Градоначалникот на Радовиш, Николов во својот говорот кој го одржа пред присутните на ифтарот на муслиманите им посака среќен и благословен Рамазан.

По ифтарот, за поканетите гости беше приреден и концерт на Суфи музика каде настапи турскиот суфи музичар Савни Сами Озер.

AA.COM.TR