Рустеми: Без притисок дадов исказ во обвинителството

Сподели

 

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за истрагата за „Рекет“ не даде детали за исказот, туку потенцираше дека немало обид да се влијае врз него.

– Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам во денешното сведочење во истрагата ’Рекет‘ – рече Рустеми.

Тој денешниот распит како сведок пред Рускоска одговорил на сите прашања.

– Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет“ во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше обвинителката. Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка – рече Рустеми.