Зад затворени врати расправа за разрешување на Јанева

Сподели

 

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за денеска во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Вчера, Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието.

” Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сeуште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка” – се вели во соопштението на Советот на јавни обвинители.