Заев: Да му дадеме шанса на законот

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, како што рече, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат

„Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство“, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.

На прашањето дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат.

„Верувам дека низ законот ќе се најде решение. Да му дадеме шанса на законот. Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени“, рече премиерот.