Реновиран пунктот за вакцинација во Поликлиниката Чаир според стандардите на СЗО

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје Виктор Исјановски денеска ја посетија Поликлиниката Чаир, каде е реновиран пунктот за вакцинација.

 

 

Покрај реновираниот делот за вакцинација, има една просторија која е опремена со играчки, а целосно се реновирани просториите каде се врши апликацијата на вакцините, лекарските ординации и собата каде работат медицинските сестри.

 

 

“Вакциналниот пункт во Поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен според следење на приоритети, стандарди и упатства на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје. Новина во оваа поликлиника е што пунктот за магнетна резонанца ќе работи секој работен ден од 19:30 до 22:30 часот, покрај редовните две смени” – изјави министерот Филипче.