Крстески-Тимоние: Продлабочување на соработката на Државниот архив и француските архивски институции

Сподели

 

Во Државниот архив се одржа средба помеѓу директорот д-р Емил Крстески и амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

 


Директорот на Државниот архив го информира амбасадорот за значењето и функционирањето на институцијата, со посебен акцент на активностите поврзани со дигитализацијата и компјутеризацијата на архивските фондови, како и за можностите за отварање нови перспективи за соработка со француските архивски институции.

 


Францускиот амбасадор изрази готовност и ја поддржа иницијативата за продлабочување на соработката и за остварување на официјални контакти и средби меѓу ДАРСМ и соодветните архивски институции во Франција.

Инаку, во 1991 година потпишан е Договор за соработка меѓу Државните архиви на Македонија и Франција, кој важи и денес и кој наскоро треба да се прошири и надгради со нови елементи кои ќе ја унапредат соработката и ќе придонесат за размена на документи што се однесуваат на Македонија, и кои ќе бидат и публикувани од страна на Државниот архив.