Заев: За предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ЈО прв пат слушам, но секој предлог е вреден за внимание

Сподели

 

“Секој предлог е вреден за внимание, целта ни е да постигнеме  договор”, изјави  премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на предлог законот за Јавно обвинителство што го достави ВМРО-ДПМНЕ, но додаде дека прв пат слуша за предлогот и не сака да води преговори преку медиумите.

Предлозите ќе се разгледаат низ работните групи, потенцираше премиерот, укажувајќи дека не треба да се дозволат ситуации дека политичарите и партиите менуваат обвинители кога ќе им текне и да се договараат за нешто што е недозволиво.

– Не треба да дозволиме – седнале лидерите, партиите кога ќе им текне за да менуваат обвинители. Вилма Русковска има мандат од четири години, досегад  е  обвинител десет месеци. Вилма Русковска води многу предмети, лично таа и нејзиното обвинителство. Едни се настаните од 27 април и многу други и тоа е уште една причина буквално да не испраќаме порака дека политичарите меѓусебе тајно на работни групи се договараат каде што има допирни точки, таму каде што е недозволиво, а тоа е во делот на независното правосудство, изјави Заев.