Обвинителство отвори предмет по допрен глас за Рашковски

Сподели

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас по објавената аудио-снимка на која се слуша како генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски наводно врши незаконски влијанија и местење на тендер за М-НАВ (Македонска навигација) со италијанска фирма.  

По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија.

Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката – се наведува во соопштението на ЈОРМ.