Иванова: Обвинувањето на Милошоски го отфрлам како неточнo и неоснованo

Сподели

 

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, го отфрла како неточен и целосно неоснован обидот на пратеникот Антонио Милошоски да ја обвини за политички интервенции во работата на Собранието.

„Со политички манипулации, несоодветни алузии и без никакви докази, пратеникот Антонио Милошоски на денешната прес-конференција го стави името на г-ѓа Иванова во политички контекст кој не е и не може да се доведе во никаква корелација согласно позицијата што ја врши во Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

Согласно Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, генералниот секретар на Собранието ги извршува работите што ќе му ги довери претседателот на Собранието, му помага во подготовките и организирањето на седниците на Собранието и врши други работи утврдени со Деловникот.