Дуковски: Ќе треба да ги разгледаме доказите, а потоа исказ на Боки 13

Сподели

 

Еден час по денешниот распит Бојан Јовановски е вратен во затворот Шутка.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски за медиумите изјави дека Јовановски одбил да даде исказ затоа што обвинителката Вилма Русковска на првото соочување со доказите го известила дека истрагата против него е завршена.

“Ова до сега во македонското правосудство не се случило. Истиот ден кога го викаат прв пат на распит, го известуваат дека е завршена истрагата. Претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Европскиот суд за човекови права во Стразбург бара осомничениот веднаш  да биде запознаен со основите на сомневање и со доказите. Но и покрај ваквиот преседан, ние нема да  се браниме со молчење. Во овие 15 дена ќе ги видиме доказите и иако е истрагата завршена, ќе се договориме Бојан Јовановски да даде исказ“,“ изјави адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

„Европскиот суд за човекови права во Стразбург бара осомничениот веднаш  да биде запознаен со основите на сомневање и со доказите. Но и покрај ваквиот преседан,ние нема да  се браниме со молчење. Во овие 15 дена ќе ги видиме доказите и иако е истрагата завршена, ќе се договориме Бојан Јовановски да даде исказ“ рече Дуковски.

Увидот е закажан за во среда во 12 часот.