Димитров во Њујорк: Панел дискусии за климатски промени и за мултиконцептуален свет

Сподели

 

„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија” е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

 

 

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за нужноста  од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици. Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

На покана на Светскиот економски форум и истраживачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан „Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет.”

Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.