ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да воспостави тотална контрола врз судскиот систем

Сподели

vmro-dpmne

СДСМ, партија раководена од аболиран криминалец, повторно се обидува да воспостави тотална контрола врз судскиот систем во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара Кривичниот совет да го укине незаконското решение на судијката Александра Поп-Стефанија.

„За СДСМ ова не е ништо ново, туку партиска стратегија. СДСМ сака да се врати времето кога по налог на Бранко Црвенковски и Ленче Софрониеска за 15 минути беа избрани 617 судии и стотина обвинители. СДСМ е раководен од аболираниот криминалец Зоран Заев кој дава срамни изјави дека не го признава судството. Затоа и СДСМ не ја почитува уставната поделба на власта во државата, не ја почитува независноста на судската власт, врши притисоци врз судовите и атакува по професионалноста и дигнитетот на судиите секогаш кога некоја нивна одлука не им се допаѓа“, стои во реакција.

Според владејачката партија, хајките на СДСМ кон правосудниот систем имаат за цел да извршат најгруб притисок врз демократијата.

Тоа е во кодот на СДСМ, тоа е нивниот начин на размислување и делување. Преку своите општински комитети СДСМ се закануваше дека ќе го запали Уставниот суд ако не им ги исполни ултиматумите. Преку своите невладини пајташи СДСМ на уставните судии им порача дека за уши ќе ги вади од Уставниот суд и дека на клоци ќе ги избрка, ако не судат по нарачките на СДСМ. Денес преку Петре Шилегов, СДСМ уште еднаш се обидува срамно да се меша во судската власт, исто како што сака да воспостави тотална контрола преку цензура во медиумската сфера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да воспостави целосна контрола врз судскиот систем