Нов концепт за третман на отпадот во Скопје – подобар квалитет на животната средина

Сподели

 

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно, домаќински  и во интерес на граѓаните.

Преку новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје, преполните контејнери со отпад и непријатна миризба се веќе минато.

Со набавката на новите 540 контејнери со капацитет од 3200 литри, што е за три пати поголем од досегашните, ќе се заменат  над 1800 од вкупно 4500 стари контејнери.

 

 

Паралелно со тоа, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери.

Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.

Набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад.

Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти, од кои 100 канти се прилагодени  за отпадоци од домашни миленици.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/467176937212821/

Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини го зголемуваат техничкиот потенцијал и  претставуваат можност заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.

Возилата за миење и чистење се технолошки најсовремени машини на електричен погон кои воопшто не го загадуваат воздухот се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките.

 

 

Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, во таа насока се и вложувањата на  локалната и централната власт предводени од СДСМ кои во континуитет продолжуваат со инвестирање во човечки и технолошки ресурси за таа намена – стои во соопштението на СДСМ.