Трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама во Нови Сад

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.

– Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан – објави Заев на својот Фејсбук-профил, додавајќи дека за оваа тема денеска ќе разговара со Вучиќ и Рама.

Според Заев, постои неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан.