Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска, по предлог на Германија и на Велика Британија ќе расправа за состојбата во Република Македонија.
Шефовите на дипломатија на членките на ЕУ ќе дадат необврзувачка препорака за политичката криза во Македонија, како земја кандидат за членство во Унијата.
Според најавите, дискусијата на министрите за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Македонија би требало да заврши до пладне, по што Советот за надворешни работи на ЕУ ќе излезе со став за случувањата во Македонија.
Политичката криза во Македонија на дневен ред на Советот на ЕУ