Град Скопје поднесе Барање за издавање лиценца за дистрибуција на топлинската енергија до Регулаторна комисија.
“Во прилог на Барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена документација со која се потврдува дека АД ГЕС-СКОПЈЕ е единствено правно лице кое има востановено трајно право на користење на недвижни ствари-линиски инфраструктурни објекти, енергетска инфраструктура-топловоди во сопственост на Република Северна Македонија коишто се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје.
Градски енергетски системи (ГЕС) достави информација за обезбедени финансиски средства за тековно работење и набавка на основни средства за дејноста, како и дека за вработување на стручните кадри се потребни максимум 45 дена.
Со поднесување на Барањето со целокупната потребна документација, АД ГЕС-СКОПЈЕ ја започна постапката за добивање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и воедно бара, согласно со Законот за Енергетика и Правилникот за лиценци, врз основа на начелата за постапката за издавање на лиценци за вршење на дејности од енергетиката засновани на транспарентност, објективност, недискриминираност, ефикасност и економичност, Регулаторната комисија за енергетика да постапи по Барањето во предвидените рокови.” – соопштуваат од Град Скопје.