Во сабота кон недела на полноќ (26 кон 27 октомври), ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата.
Жителите од цела Европа ќе ги свртат стрелките на часовниците заради промена од летно во зимско сметање на времето и обратно.
Последен пат тоа ќе се случи во 2021 година, кога летното и зимското време ќе заминат во историјата, затоа што Европскиот парламент во март 2019 година донесе одлука за прекинување на сезонските промени на времето. Државите ќе мора да одлучат во кое време ќе останат трајно.
Од Владата велат дека одлуката дали Македонија ќе остане трајно во летното или во зимското време, ќе биде базирана на детални анализи.