Нови 10 интервентни возила за специјалните единици: Опремена полиција-безбедни граѓани!

Сподели

 

„Набавката на нови десет интервентни возила за потребите на специјалните единици е само продолжение во низата набавки со кои ги подобруваме капацитетите на нашата полиција, што пак директно влијае на постигнувањето подобри резултати во работењето“, рече министерот Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров на презентацијата на интервентните возила што се набавени во склоп на донацијата за МВР од Владата на Република Чешка, во висина од еден милион евра, пари што согласно договорот за донација ќе бидат искористени за материјално-техничко модернизирање на повеќе организациони единици при МВР.

 

 

Возила “Fiat Ducato“ се наменети за брза интервенција, при справување со нарушен јавен ред и мир од поголем обем, но и за извршување на други полициски задачи, и тие поседуваат комплетна заштитна опрема на сите ранливи делови на возилата, тетра уред,  рото светла, флешери и сирени, односно целосно се прилагодени за полициска намена. Цената на едно возило е 1.499.000 денари без вклучен ДДВ.

 

 

„Продолжуваме со несмалено темпо со напорите за подобрување на техничко-технолошките капацитети на полицијата, за осовременување и надградба на средствата и опремата нужни за ефикасно и квалитетно вршење на работните задачи на полициските службеници. Дозволете ми да ја искористам оваа можноста во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам огромна благодарност до амбасадорот на Чешка во нашата земја, н.е. Мирослав Томан, до Владата на пријателска Чешка за континуираната и сесрдна помош и поддршка што ни ја даваат, како во делот на реформите на нашата полиција, така и во други сегменти важни за нашето целосно етаблирање во евро-атлантските интеграции“, рече министерот Спасовски.