Кинотека: “БЕШЕ ЕДНАШ ВО ХОЛИВУД” и “БАРБАРА” 

Сподели

 

Кинотека, 14. ноември, 17:00 часот, БЕШЕ ЕДНАШ ВО ХОЛИВУД (Once upon a time… in Hollywood)

Игран филм, САД / Велика Британија / Кина, 2019, 161 мин., колор, ДЦП

Режија. Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)

Сценарио: Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)

Улоги: Леонардо ДиКаприо, Бред Пит, Маргот Роби, Емил Хирш, Ал Пачино, Дакота Фенинг (Leonardo DiCaprio, Brad Pitt, Margot Robbie, Emile Hirsch, Al Pacino, Dakota Fanning)

Новиот филм на Квентитн Тарантино нѐ враќа во доцните 60-ти години на минатиот век, во златното доба на Холивуд и во екот на хипи-движењето.

БЕШЕ ЕДНАШ ВО ХОЛИВУД е вистинска холивудска приказна за еден актер и за неговиот двојник, кои тргнуваат на пат за да го најдат своето место под сонцето во филмската индустрија.

Рик Далтон (ДиКаприо), поранешната ѕвезда на една телевизиска вестерн серија, и неговиот долгогодишен двојник Клиф Бат (Пит), во време на последните моменти од златното доба на Холивуд се обидуваат да дојдат до успех во градот, кој веќе не го препознаваат: во него царуваат сексот, дрогата и рокенролот. Рик има интересни соседи, популарната актерка Шерон Тејт (Роби) и нејзиниот сопруг, режисерот Роман Полански, кои лудуваат на журките на „Плејбој“ на Хју Хефнер. Во филмот ги среќаваме и Чарлс Менсон и неговите следбенички, сите во хипи-имиџот на борци за мир во светот, Брус Ли и редица други популарни ликови од контракултурата на тоа доба…

Возрасна категорија: 16 години, Влезница: 100 денари

 

БАРБАРА (Barbara), Игран филм, Германија, 20 часот, 2012, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Кристијан Пецолд (Christian Petzold)

Сценарио: Кристијан Пецолд (Christian Petzold)

Улоги: Нина Хос, Роналд Церфелд, Јасна Фрици Бауер, Јаник Шуман, Рајнер Бок (Nina Hoss, Ronald Zehrfeld, Jasna Fritzi Bauer, Jannik Schümann, Rainer Bock)

Околу 9 години пред падот на ѕидот: Докторката од Берлин Барбара поднесува барање за излез од ГДР. Таа беше затворена и после нејзиното ослободување, летото 1980, под казна беше распоредена во една болница во провинција. Додека нејзиниот сакан од Западот го подготвува бегството преку Балтичко Море, Барбара работи во детска хирургија, често надгледувана и контролирана. Нејзиниот шеф Андре изгледа како да соработува со вработените во Службата за државна безбедност – но колку далеку би отишол во случај да се случи нешто сериозно? Тој барем го одобрува ангажманот на Барбара за младата инфериорна Стела. Дали е вљубен во својата колешка? На денот на бегството, Барбара носи делумно изненадувачка одлука.

Филмот на Кристијан Петцолд кој на Берлиналето во 2012 г. доби награда за режија, е тивок, обичен и безусловно точен филм за животот во ГДР, далеку од идеолошките дискурси.

Возрасна категорија: 12 години, Влезница: бесплатен влез