Утре, на 19.ноември, во 15 часот и 10 минути, со 5 минутна блокада на булевар Гевгелија, здружението ChangeMakers4all е во план да организира „МАРШ ВО МОЛК”.
„Марш во Молк” преку кој ќе се присетиме на загубените личности од општина Гевгелија кои што ја изгубија битката со опаката болест РАК / КАНЦЕР.
„Марш во Молк”, во знак на поддршка на заболените и поддршка на семејствата и пријателите на заболените од оваа опака болест.
Заедно со заболени жители од Канцер, излечени пациенти и во придружба на семејства, пријатели, роднини, ќе бараме внимание за поголема поддршка за болните од Рак / Канцер.
Ќе бараме поддршка за одредени лекарства, финансиска поддршка за патот до Скопје за пациентот, а и придружбата на заболеното лице.
„МАРШ ВО МОЛК”, ‘Пак во Скопје’, ‘ Се во Скопје’, да размислиме дали има можност да се отвори оделение за Онкологија во градот со обучени лица, за Хемо терапија која ке го покрива регионот на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран.
„МАРШ ВО МОЛК”, за свесност на алармантната ситуација на заболени, и починати од Канцер.
„МАРШ ВО МОЛК” за поддршка на формирање на здружение, со раководство кои што ќе даде се од себе, за барање, и исполнување на потребите кои што се од животно значење за нашите сограѓани заболени од ова болест.
Здружение, во кое што основачи и членови ќе бидат веќе излечени пациенти од Канцер, наши Херои, за поддршка, охрабрување и пример за другите а симпатизери – личности кои што имат желба да помогнат во делувањето на ново формираната организација.
Здружение, кое што ќе има своја визија, мисија, и цел.
Здружение, кое што паралелно ќе работи на истражување за главните причинители за големиот процент на заболени од ова болест.
Ве повикуваме вас, сите жители од општина Гевгелија, да се придружите во нашиот Марш.
Поддржи не – затоа што и јас можe да бидам пациент.
Поддржи не – Затоа што и ти може да бидеш пациент.