Ансамблот “Танец“, амбасадорот на македонската култура и традиција, успешно ја остварува овогодинешната Австралиска турнеја, одржувајќи спектакуларни концерти, со кои ги воодушевува Македонците на Петтиот континент, но и не само нив.
“Танец“, турнејата ја започна на 17. ноември, во Мелбурн, во престижниот „Melbourne Recital Hall“, каде, пред присутните гости, играорците се претставија во најдобро издание со свои изворни ора и песни од Македонија.
Оркестарот, под раководство на маестро Милан Завков, ја воодушеви публиката постојано, кој им возврати со аплаузи и овации, јавува тамошниот медиум на македонски јазик “Фаланга”.
-Најзабележителен беше моментот кога настапи легендатната Сузана Спасовска, со песната “Земјо Македонска”. На концертот присуствуваа голем број на македонски бизнисмени, претставници на македонски културно-уметнички друштва, претставници од австралискиот политички врв, претставници на македонски политички партии, на спортски друштва, на медиуми од Македонија и Австралија: Фаланга, INTV Australia, SBS Radio и други, пишува овој портал.
Концертот поминал во пријатна атмосвера, а естрадните уметници од „Танец“, раководени од директорот Мартин Вучиќ, го дадоа својот максимум за да може публиката да ужива во звуците на традиционалната македонска музика, во звуците на зурлата и тапанот и едноставно во фолклорното наследство на Македонија.
Националниот ансамбл на македонски народни игри „Танец“ оваа години прослави 70 години од своето постоење и е најголем амбасадор на македонската култура низ целиот свет.
Во Мелбурн, домаќин на Ансамблот „Танец“ беше ансамблот „Тоше“ од овој град, а турнејата продолжува водруги градови во Австралија, пред се, во оние каде има поголема концентрација на Македонци.
В.Митаноски