Христијан Мицкоски од Загреб изјави дека се лажни вестите дека наводно го прифатил договорот со Бугарија, потенцирајќи дека неговиот став во однос на договорот е непроменет.
Тој посочува дека никогаш нема да прифати друго освен вистината дека Гоце Делчев и македонскиот јазик се македонски.
“На средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодифициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ.Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн., изјави Мицкоски.