Покрај новиот закон за извршители, Владата размислува за развивање нови законски решенија кои би им помогнале на граѓаните особено во делот на каматите, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментар за работата на извршителите кои годинава наплатиле 20 милиони евра од граѓаните.
-“Со новиот закон за извршителите ги намаливме трошоците до 30 отсто, а за некои работи и под 30 отсто од тоа што беа. Но, предметите што беа започнати порано, новиот закон не можеше да ги рефлектира и самиот ваков податок ја покажува грозоморноста, со дополнителна аналитика, колку од сиромашниот народ се одземаат пари, затоа што сиромашните не можат да платат не дека не сакаат. Ние донесовме закон кој што дефинитивно ќе ги отстрани ваквите „калемења“ на трошоци. Размислуваме понатаму дури и за развивање на законски решенија кои што ќе помогнат во каматите. Се плаќаат огромни камати, па затезни камати и сл. Ако сакаме среќна држава, државата мора да води грижа токму и за тоа”, изјави премиерот Заев.