ПРИЗМА: „Грујовизијата“ чинела 26 милиони евра

Сподели

 

Поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски им дала п овеќе од 26 милиони евра на националните телевизии во периодот од 2010 до 2017, покажуваат податоците што БИРН ги извади од базата „Отворени финансии“, која е активна од минатата недела, објави „Призма“.

 

 

 

Во новата база на Министерството за финансии може да се најдат буквално сите исплати што ги направиле владата, министерствата и другите институции кон фирми или приватни лица во последниве речиси девет години, пишува порталот за истражувачко новинарско „Призма“, издание на БИРН.

Со точната бројка од 26,6 милиони евра се заокружува приказната за агресивната пропаганда на поранешната власт предводена од Никола Груевски. Конечно сега знаеме колку чинела десетгодишната симбиоза меѓу тогашните властодршци и сопствениците на најголемите телевизии. Преку нивната непринципиелна соработка од една страна агресивно се промовираа владините проекти, а од друга страна жолчно и често со лаги и со манипулации се напаѓаа опозицијата и сите инакумислечки луѓе и организации.