Дигитализација на документите на Државниот архив на Македонија

Сподели

 

Од почетокот на наредната година ќе се започне со дигитализација на сите документи кои ги поседува Државниот архив на Македонија. Во период од околу 2 до 3 години се планира да се дигитализираат над 25.000 документи со што ќе се овозможи нивна поголема заштита, но и поголема достапност до обичните граѓани, како и до науната јавност.

„Секој документ е значаен за идентитетот за нашата земја и секој е значаен за нашата историја бидејќи Државниот архив е лична карта на секоја држава, тој е еден од столбовите на нашата историја. И со ова ќе стане подостапен до граѓаните, нашите корисници, историчарите“, истакна Емил Крстески, директор на Државен архив на Македонија.

Како дел од проектот за дигитализација и нудењето на нови можности на архивот денеска во Прилеп беше отворен нов простор од 200 м2 токму за оваа намена и беше најавено дека овој град ќе стане регионален центар на целиот Пелагониски регион каде ќе се чуваат тие дигитализирани документи од сите општини.

„Со овој простор архивот ќе може да овозможи трајно чување на архивски материјал од сите државни, јавни инститиуции, исто така и приватнии ииматели по новиот закон кои ни се поприориитетни. Исто така приватни фондови на граѓаните се се почести и свеста кај граѓаните веќе проработува и тие ни носат и приватни фондови“, изјави Елена Чагороска, директор одделение Прилеп на на Државниот архив.

Дел од овие документи од 2015 година граѓаните на Прилеп можат да ги видат во постојната поставка која е отворена секој ден, а најстариот пишан зачуван документ бил од 1.787 година.