Денеска беше потпишан Договор за донација помеѓу Амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Донацијата се состои од техничка и компјутерска опрема, наменета за Одделот за справување со организиран и сериозен криминал.
Договорот за Министерството за внатрешни работи го потпиша директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски, додека од германска страна договорот го потпиша заменик амбасадорот на СР Германија, г. Ото Граф.
На средбата, соговорниците ја потврдија успешната соработка помеѓу двете држави, особено во делот на внатрешните работи, и изразија подготвеност за нејзино продолжување и унапредување, за што говори и неодамна потпишаниот Договор за соработка во борбата против криминалот помеѓу двете држави.