Комората на извршители на Република Македонија на денешната прес-конференција информира за одлуката на Управниот одбор на КИРМ за организирање „Отворени денови со граѓаните”.
Подетлани информации за отворените денови граѓаните ќе можат да најдат на официјалната веб-страница на Комората.
Овие активности, ккао што велат од Комората, ќе се одржуваат во различни градови во државата на тема „Извршувањето во РМ и проблемите кои ги имаат граѓаните во текот на постапката”.
Целта е граѓаните да земат што поголемо учество во „Отворените денови’’ заради давање правна помош од страна на извршителите и укажување со кои правни средства законски можат да си ги остварат своите права во извршувањето.
За 13 години постоење извршителите успеале да наплатат разни долгови и побарувања во висина од 1,2 милијарди евра. Досега од спроведените внатрешни контроли, поради незаконско работење е суспендиран еден, а разрешен уште еден извршител.