Жерновски: Добра вест од Шпанија!

Сподели

 

 

“Добра вест од Шпанија!

Се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на 🇪🇸 Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.
Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии.

За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест.

По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница. – напиша на својот фб профил заменик министерот за надворешни работи”, Андреј Жерновски