Собранието ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година

Сподели

 

Во Кристалната сала на Собранието, на 8. декември, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф.д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.