Општина Чаир ја пушти во употреба сензорната училница за децата со посебни потреби во Основното Училиште “Хасан Приштина“

Сподели

 

Посветеноста на Општина Чаир за унапредување на условите во училишните простории за поквалитетен едукативно-образовен процес продолжи денес во Основното Училиште “Хасан Приштина“, каде Градоначалникот Висар Ганиу заедно со претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, донаторот на проектот Ирфан Буќи, Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми и директорката Љуљиета Ќерими ги пуштија во употреба сензорските училници снабдени согласно европски стандарди во служба на соодветната и професионална грижа кон децата со посебни потреби кои се еднаков дел од нашето општество.

 

 

Во врска со ова Градоначалникот Ганиу меѓу другото истакна: “Нашиот ангажман нема да застане тука, ќе продолжиме со инвестициите, меѓуинституционалните соработки и соработката со донатори спремни да придонесат, со единствена цел да го подигнеме на највисоките пиадестали капацитетите на местата на знаењето.“