Пендаровски на средба со претставници на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството. Истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на негата на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството.

denesmagazin.mk