Застарено е делото на Коце Трајановски кој беше обвинет за злоупотреба на службена положба

Сподели

 

“Одлуката за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје е донесена и потпишана на 11.02.2015 година, па согласно тоа застареноста на кривичното гонење за Коце Трајановски кој, извршувајќи ја функцијата градоначалник лично ја донел и потпишал одлуката, настапила на 11.02.2018 година. Застареноста за претседателот и двајца членови на комисијата за спроведување на постапката за избор настапила на 22.01.2018 година, кога изминале три години од дејствијата на пријавените кои го исполнуваат битието на делото”, велат од Обвинителството.

Тоа значи дека поради застарување на делото, поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски нема кривично да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, потврди Скопското обвинителство.