Собраниската служба се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Сподели

 

Вработените во Собранието на Република Северна Македонија денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.

Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.

 

 

Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.

Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар.

 

 

Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.