Кабинетот на Претседателот дел од акцијата за чистење „Не биди ѓубре“

Сподели

 

Кабинетот на Претседателот денеска се приклучи кон акцијата за чистење со која јавната администрација го одработуваше 2 јануари 2019 година.

 

 

Покрај оваа акција, Претседателот и неговиот кабинет имаат преземено и други активности за заштита на животната средина.

Претседателот Пендаровски ја поддржа граѓанската кампања „Не игнорирај, реагирај! “ која има за цел да ја подигне јавната свест и да едуцира за потребата на заштита на животната средина.

 

Претседателот Пендаровски имаше средба со претставници на здружени граѓански организации и инцијативи и изрази подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи кои се во насока на зајакнување на заштитата на животната средина.

На седницата на Советот за безбедност која ќе се одржи во декември 2019 година за првпат заштитата на животната средина ќе биде ставена како точка на дневен ред, а на седницата ќе бидат поканети претставници на граѓанските организации. Претседателот ја врати Стратегијата за одбрана во постапка со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност. Тој исто така дава поддршка на идејата за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина со цел да се приближи кон просекот на земјите-членки на ЕУ, поддршка за создавање на национален фонд за заштита на животната средина, како и во рамки на процесот на образовните реформи да се вметне задолжителен број на часови со цел едукација, за учениците во основните и средните училишта да добијат образование за заштита на животната средина.

Кабинетот на претседателот исто така се приклучи на кампањата за заштита на балканскиот рис и ги поддржува акциите за пошумување во различни региони од земјата.

denesmagazin.mk