Жерновски- Кумуцакос: Двете земји- сојузници во битката со миграцијата

Сподели

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска ја предводеше Делегацијата на Република Северна Македонија на првиот Глобален Форум за бегалци, кој се одржува во Палатата на нациите во ООН, во Женева.
На Глобалниот Форум за бегалци учествуваа над 200 шефови на држави, министри за надворешни и внатрешни работи и други претставници на земјите-членки на ООН, но и пошироко. Форумот го отворија Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш и Генералниот секретар на ООН задолжен за бегалци, Филипо Гранди.
За време на Глобалниот Форум за бегалци во Женева, ЗМНР Жерновски имаше билатерална средба со Јоргос Кумуцакос, алтернативен министер за граѓанска заштита и миграциска политика на Грција.
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, за имплементацијата на Договорот од Преспа, за европската перспектива на нашата држава, за миграциските текови како и за внатрешно-политичките случувања.
Како Влада сме целосно посветени на правилна имплементација на Преспанскиот договор како и на акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија. Тоа е основа за добрососедство и затоа треба да го искористиме нашето пријателство за бенефит за двете земји, за просперитет на граѓаните, но и за регионална и европска сигурност и безбедност, истакна Жерновски.
На средбата стана збор и за текот на имплементација на договорот за отворање на граничниот премин “Маркова Нога-Лемос”, како исклучително важен за развојот на еконосмките односи меѓу Северна Македониј и Грција.
Жерновски и Кумуцакос се согласија дека двете земји мора да бидат сојузници во битката со миграцијата, но и со другите актуелни безбедносни предизвици и тенденции. Само со зацврстена доверба и зголемена размена на информации, безбедносниот амбиент ќе стане поповолен, а со тоа и напредокот и благосостојбата на двете земји.
ЗМНР Жерновски во продолжение на Форумот ќе оствари и други билатерални средби на кои фокусот ќе биде европската интеграција на државата, a ќе има и обраќање каде што ќе потенцира дека Форумот е доказ дека меѓународната заедница е силно посветена на соработка и солидарност за ова прашање.
denesmagazin.mk