Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на ПМ10-честички во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци.
Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на 5 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и на 5 системи за прибирање и обработка на податоци, информира дека во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на РМ10и истите се ставени во работен режим. Податоците од извршените мерења, од денеска се достапни за јавноста на веб порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk.
Исто така, информираме дека инструментот за симултано мерење на РМ10 и PM2.5 од Куманово е исклучен од системот поради технички проблем. Во моментот кога ќе се отстрани проблемот инструментот ќе биде ставен во работен режим – информираат од министерството.
denesmagazin.mk