Службата за Итна медицинска помош ќе функционира 24 часа за време на новогодишните празници

Сподели

 

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување, во состав на ЈЗУ „Здравствен дом -Скопје“ известува дека за време на новогодишните празници ќе функционира 24 часа.

На новогодишната ноќ, достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена ,недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“ и „Бит Пазар“.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета. Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните препораки:

Редовно земање терапија кај хроничните болни;

Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост;

Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди;

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот;

Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици – се наведува во соопштението на Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.