Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МВР и Агенцијата за национална безбедност

Сподели

 

Денеска во Министерството за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски водени од потребата за меѓусебна соработка во областите од заеднички интерес, а особено во унапредување на соработката за размена на податоци и информации заради ефикасно спроведување на своите надлежности утврдени со закон потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

 

 

Целта на овој Меморандум е регулирање и воспоставување на механизми на соработката взаемно укажување стручна помош и поддршка со цел размена на податоци и информации, искуства, знаења и обука како и остварување на други видови на соработка.