Спасовски: Наша обврска е да се даде максимумот за доброто на граѓаните и за развојот и напредокот на државата

Сподели

 

“Нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции на државната власт.

Наша првенствена обврска е организирањето на фер и демократски избори и континуитет на економскиот напредок, завршница на полноправното членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

Честа, но пред сѐ одговорноста да се предводи Владата во овој период, за мене претставува силен предизвик, но и голема лична, професионална и политичка одговорност да се даде максимумот за доброто на граѓаните и за развојот и напредокот на Северна Македонија” – изјави премирот во преодната влада, Оливер Спасовски.