“Ги честитам големите празници Бадник и Рождеството Христово Божик, на сите граѓани во нашата држава, во името на Владата и во мое име.
Големите празничните денови како што се Бадник и Раѓањето Христово Божик се голема духовна сила за секој човек, да ги види одново вредностите што носат благослов, како што се чесноста, љубовта, грижата едни за други и да го прилагоди своето дејствување во заедницата, во името на тие вредности.
Христос оставил вечен светилник на човештвото, дека само заедничката радост е радост, и само заедничката среќа е среќа, како и дека никогаш и поради ништо човекот не треба да се откаже од големото добро, дури напротив треба да го понесе на себе како чест и да одговори достоинствено на оваа света човекова обврска.
Да го продолжиме патот кон мир и спокој, кон сигурност и благосостојба, продолжувајќи да ги негуваме единството, почитувањето, пријателствата, чистата и искрена љубов.
Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани.
Христос се роди!“ – се наведува во честитката на премиерот Спасовски.