„ТЕШКОТО“ И „НЕВЕСТИНСКОТО “ – „ТАНЕЦ“ ги собра антологиските ора во монографија

Сподели

 

„Тешкото“ и „Невестинското“, ората без кои не може да се замисли ниту еден концерт во државава и во странство на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“, како и уште осум други антологиски ора се дел од монографијата „Остани во чекор“, која излезе неодамна.

Книгата беше промовирана на Новогодишниот концерт на „Танец“ и прославата на 70-годишниот јубилеј, а достапна е во книжарниците „Литература.мк“ на издавачот „Арс Ламина“.Во книгата, покрај авторскиот текст на етномузикологот Кирил Тодевски посветен на десетте антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“ (кореографиите „Тешкото“, „Невестинско“, „Комитско“, „Седенка“, „Драчевка“, „Осоговка“, „Водарки“, „Тресеница“, „Тропнало оро“ и „Свадба“), се поместени и сите нотографии на кореографските постановки направени од музикологот Марко Коловски.

„Ората се антологиски од повеќе аспекти. Создадени се во периодот од 1949 до 1968 и го положиле тестот на времето. Создадени се од корифеите на македонската уметност и култура како: Дојчин Матевски, Глигор Василев-Гиле, Јонче Христовски, Трајко Прокопиев, Ѓорѓи Димчевски, Атанас Коларовски.