Eвропските сојузници на НАТО чекаат одговор од Вашингтон за ракетните напади на Иран

Сподели

 

Европските земји членки на НАТО чекаат реакција на САД за иранските ракетни напади врз воените бази со американски војници во Ирак, изјави денеска дипломатски извор во Брисел за ТАСС.

Според него, „европските сојузници на НАТО чекаат одговор од Вашингтон. Потоа ќе следи реакција на Алијансата“.

Иран ноќеска со проектили гаѓаше две американски воени бази во Ирак, одмаздувајќи се за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејман