ДС: Кодошењето во Македонија е “национален спорт”

Сподели

 

 

“Кодошењето во Македонија е “национален спорт”. Низ историјата познати се и предавствата и меѓусебните напаѓања и злобата и кодошење од интерес или од други лукративни причини.

Демократскиот сојуз и натаму цврсто стои на ставот дека лустрацијата беше селективна, без јасни критериуми како ќе докажува кој бил соработник на службата за државна безбедност и со многу манипулации и недоследност, поради што пред две години баравме со закон сите одлуки за лустрација да се поништат.

ДС стои на ставот дека освен соработниците, припадниците на ДБК кои ја злоупотребиле службената должност, треба да се лустрираат и наредбодавците, пред се претседателите на Сојузот на комунистите, претседателот на РМ, претседателот на Собранието на РМ и други функционери кои СДБ ја користеле за политичка ликвидација на голем број неистомисленици.

Натаму, сме за рехабилитација на жртвите за време на еднопартискиот систем, но и во подоцнежниот период.
Рехабилитацијата треба да биде правна политичка и материјална.

ДС е и за помирување помеѓу левицата и десницата, во интерес на нашите стратешки и национални интереси.
Овие процеси да се одвиваат паралелно.

Само со јасни критерииуми и несоборливи докази може да се утврди кој соработувал со СДБ и низ законита-судска постапка да се објават соработниците кои соработувале од лични побуди или лажно информирале за на некого да му наштетат (да го фрлат во затвор, да го спречат во развојот на професионална кариера, да го протерат од местото на живеење, да го шиканираат и сл.).

Во услови на поделеност во државата низ процесот на лустрација може повторно да бидат лустрирани жрвите на стариот, но и режимите после плурализамот” – се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.