Администраторот на “Јавна соба” во полициска станица

Сподели

 

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и
дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија
идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К.
од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од
Скопје.

Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица
кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со
лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во
соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат
дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои
располага МВР.

Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата.

МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.