Бесплатна помош и нега за лицата со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки

Сподели

 

Град Скопје преку Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, обезбедува бесплатна помош и нега во домашни услови за лицата со најтежок облик наинтелектуална попреченост и комбинирани пречки на територија на градот.

 

 

Стручен тим составен од лекар – специјалист по семејна медицина, социјален работник, медицинска сестра и физиотерапевт, прават детален лекарски преглед, физиотерапевтски третман, применуваат специфични методи за интеракција и комуникација со лицата кои ја користат услугата. По направената проценка се изработува индивидуален план за поддршка за секое лице со цел развој на знаења, вештини и способности.

 

 

Градот Скопје ја поддржува деинституционализацијата. Посветено работиме на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани подеднакво.