Спасовски: Мора да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Сподели

 

„Гласањето за распуштање на Собранието е јасен став на Социјалдемократскиот сојуз. Сите законски за кои сме договорени и кои се важни за иднината на оваа држава мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието и потоа да го распуштиме“, – изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

-Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред се законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието, рече Спасовски