ВМРО-ДПМНЕ: Не е испочитуван принципот на Бадентер при гласањето за законот за ЈО

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители, бидејќи не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да присуствуваат на седниците на кои ќе се гласаат Законот за одбрана и Законот за Совет на јавни обвинители.

Илија Димовски на прес-конференција во Собранието по неговото распуштање истакна дека законот требало да се донесе со апсолутно и Бадентерово мнозинство, но оти иако спикерот Талат Џафери најавил дека треба да се гласа по Бадентер, тоа не е реализирано.

– И Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите – рече Димовски.