Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашниот трагичен настан во село Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13:00 часот.
Вчера, на клиникатa во Скопје почина и 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Романовце. Ова е четврт смртен случај.
Во семејната куќа во Романовце, од пожарот од експлозијата на плинската боца починаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, седум лица беа повредени и префрлени на лекување на скопските клиники.