На Инфективната клиника се испитува патник од Дубаи со симптоми на грип

Сподели

 

Уште едно лице кое допатувало од Дубаи со симптоми на грип се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје, каде е подложен на испитување за корона вирус. Во моментов се чекаат резултатите од тестот за коронавирус – соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Од денеска почнува да функционира и кризната група во Министерството составена од експерти од областа на епидемиологијата и инфективните болести, кои ќе бидат задолжени да менаџираат со информациите и заштитните мерки за коронавирусот.

Министерот повика да не се шират лажни вести за присуство на корона вирус во државата, туку да ги следат официјалните соопштенија на страната на министерството за здравство.