ВМРО-ДПМНЕ до ЗАЕВ: За него повеќе нема место во политиката

Сподели

 

Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално рекетарската банда, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, откако предмалку СДСМ обвини оти Христијан Мицкоски марширал по налог на Никола Груевски.

„Паниката на Бихаќка е голема. Свесни се дека целото раководство на СДСМ е вмешано во милионски криминали преку криминални тендери, грантови и рекет. Свесни дека по 12-ти април Република Македонија ќе стане повторно правна држава. По 12-ти април правосудството ќе се ослободи од стегите. Нема веќе Заев да одредува за кого да се монтираат судски просеци. Нема да може Заев да се амнестира себеси и криминалците кои ги собра околу него. Сите од прв до последен ќе одговараат за се што сторија изминативе три години. Заев нема да се спаси ниту со насила и шверцерски донесениот Закон за јавно обвинителство. Нема да го спаси ниту Русковска, ниту Јовевски. Политичката кариера на овој исплашен човек е готова. За него повеќе нема место во политиката. Во македонската политика нема повеќе простор за транзициски политичари кои работеа на штета на сопствениот народ. Вечерва Македонецот ја крена главата гордо високо, се исправи пред неправдите и застана на патот на криминалот и корупцијата. После оваа вечер веќе ништо нема да е исто. Огромна благодарност до народот кој излезе масовно, излезе во огромен број и даде црвен картон на неправдите, громогласно НЕ на “трас-трас” политиките на Заев. Македонците ја сакаат слободата и ова е доказ дека за неправдите Заев е виновен. Има разлика и не сме исти. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за нас е борба за спас на Македонија“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.